Утврден идентитетот на лицето кое вееше знаме на “голема Албанија” во Тетово

t

Лицето кое го вееше знаме со карта на т.н голема Албанија во Тетово при престојот на албанскиот премиер Албин Курти не е вработено во Министерството за внатрешни работи, потврди министерот Оливер Спасовски. Тој денеска изјави дека се утврдува идентитетот на лицето и се прибираат информации по објавата на фотографијата.

Спасовски одговарајќи на новинарско прашање по настан на МВР и Агенцијата за млади и спорт посочи дека ќе се утврди идентититетот и оти ќе има правда и во случај да е странски државјанин.

-Не велиме и не демантирам, едноставно човекот што го носеше знамето не е вработен во МВР. А кого би знаеле ако не ги знаеме вработените во МВР? Јас се надевам дека и раководството во телевизијата во којашто работите ве знаат сите кои сте. Според тоа, знаејќи дека инспекторот или лицето кое се посочува не е тоа лице ние затоа објавивме и фотографија, јавна објава, за да видиме во однос на препознавањето на ова лице и понатаму утврдуваме кој би бил идентитетот на ова лице. Имаше лица кои и не се од Република Македонија дојдени од надвор на тие средби. Како што ќе добиваме информација ќе добиете секако повратна информација и вие, изјави Спасовски.

Прашан дали објавата резултирала со некаква дојава Спасовски рече дека има информации што веќе ги прибираат и оти ќе се утврди идентитетот на лицето кое ќе одговара за кривично дело.

-Станува збор за информации што ги прибираме, имаме информации што веќе ги прибираат колегите и од СВР Тетово и на ниво на МВР, јас мислам дека ќе се утврди идентитетот на ова лице, класификацијата секако дека е кривично дело согласно со препораките што ги даде јавниот обвинител и на основа на тоа ќе се преземат мерки, рече Спасовски.

Ако лицето е странски државјанин, како што истакна, ќе се искористат сите правни механизни да биде изведено пред правосудните органи.

-Секако дека ќе дојде до правда затоа што ако е странски државјанин постојат механизми преку распишување на потерници, објави итн и секако дека ќе ги искористиме сите правни механизми за да дојде до реализација на целиот овој случај и да биде изведен пред лицето на правдата, изјави Спасовски.

Знаме со карта на таканаречена „Голема Албанија“ која опфаќа делови од Македонија, Црна Гора, Србија и Грција се вееше на концертот кој Општина Тетово го организираше на 12 месецов, по повод пречекот на косовскиот премиер Албин Курти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓурѓај: Исправен терминот „северномакедонци“ во резултатите од…

Народниот правобранител на Албанија одговори на дописот…

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

Триесетгодишен маж од Тетово обвинет за силување

Основното јавно обвинителство Тетово соопшти дека донело…

Уапсен шеф на Обвинителство во Албанија!

По налог на Специјалното обвинителство против организиран…

Албанија и САД слават 102-годишнина од воспоставување…

Албанија и САД ја слават 102-годишнината од…