Утре е денот “Д” – МАСОВНО ВО 12 ЧАСОТ ПРЕД СОБРАНИЕ ПРОТИВ НОВО ПРЕДАВСТВО

t

Левица повика на масовен протест утре, во 12 часот, пред Собранието на Република Македонија каде во тоа време ќе се одржува седница на која ќе се расправа за заклучоците за францускиот предлог.

На седницата ќе биде присутна и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.

Во продолжение го пренесуваме целиот Фејсбук статус на Левица.

– УТРЕ Е “ДЕНОТ Д” – МАСОВНО ВО 12 ЧАСОТ ПРЕД СОБРАНИЕ ПРОТИВ НОВО ПРЕДАВСТВО

Владејачката класа во и околу предавничката и криминогена Влада на СДС-ДУИ, исплашени од револтот на народот кој на протестите секојдневно, јасно, масовно и гласно им кажа НЕ ЗА БУГАРИЗАЦИЈАТА, ја префрла топката во Собранието на Македонија.

⚠️Очигледна е намерата на хибридниот режим да се амортизира притисокот од јавноста, кој очигледно го чувствува, па сè уште одбива да го објави Протоколот, во кој се инкорпорирани сите врховистички барања.

📢Поради тоа, нашите активисти кои до денес кампуваа пред Влада, утре се селат пред Собранието, каде ќе се расправа за пробугарскиот предлог. Ги повикуваме сите совесни Македонци и Македонки, кои досега неуморно маршираа секој ден, утре во 12:00 часот, да дојдат пред Собранието на Република Македонија.

Додека внатре пратениците дебатираат дали историјата и учебниците ќе бидат пишувани под бугарски диктат, дали АСНОМ и фашистичките злодела ќе се бришат поради “говор на омраза”, – народот пред Собрание гласно и јасно да порача НЕ ЗА БУГАРИЗАЦИЈА!

Владата, преку Собранието, кукавички и подло се обидува да ја легитимира бугаризацијата, несмасно искористувајќи ги пратениците од малцинските етнички групи кои не се дел од Владата, на тој начин создавајќи причина и околности за меѓуетничка омраза.

🚩Воедно, го повикуваме сиот македонски народ, денеска повторно во 19:00 часот да излезе на протестите против недоличниот, фашистички, ултимативен и анти-македонски предлог, кој ни се поставува како услов за некаква си театрална „меѓувладина конференција“, која треба да ни биде сервирана како доказ дека преговорите за ЕУ се отпочнати, и утре да се приклучи на Кампот пред Собранието на Република Македонија во 12:00 часот на пладне.

#СекојДенВоСедум

#ЛевицаОдПарламент

#асномживее

ЛИНК од објавата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица предлага намалување на работното време од…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…

Левица објави јавен повик: Секој кој сака…

Левица објави јавен повик за кандидати за…

Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…

Трошоците за живот растат од ден во…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Апасиев: Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите…

Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите млади…