Утре повторно протести во Кочани поради трагедијата во Пулс
Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“ в сабота, 12 јули ќе го одржи четиринаесеттиот „Марш за ангелите“ – марш на болката и борбата за правда, и гласно потсетување дека ваква трагедија никогаш повеќе не смее да се повтори – ниту за едно дете, ниту за една мајка.
Маршот ќе почне во 18:05 часот – време што симболично ја претставува доцната и за жал, фатална институционална реакција.
Истиот ден, со почеток во 16:30 часот, во Центарот за култура „Бели Мугри“ – Кочани, ќе се одржи комеморативен настан со наслов „Во сеќавање – посветено на загинатите од пожарот во Кочани“, организиран од страна на Општина Кочани.
-Ве повикуваме со отворено срце да ни се придружите – да застанеме заедно во тишина, во солзи и во спомени. Да им оддадеме чест на нашите деца – невини, млади животи кои беа прекинати пред да почнат вистински да живеат. Нека гласот на болката не молчи, истакнуваат од Здружението „16 март 2025 – Кочани“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре повторно протести во Кочани поради трагедијата…
Здружението на граѓани „16 март 2025 -…
Знајте дека да нападнеа некој од дпмне…
Знајте дека да нападнеа некој од дпмне…
Пратеникот Мециновиќ за нападот врз Данела: Ова…
Како скопски пратеник од Чаир и поранешен…
Доста е! Млада докторка ја потресе Македонија…
Доста е! Се навршуваат 2 години откако…
Прегазена 89-годишна жена на паркинг во Скопје
Осумдесет и деветгодишна жена е тешко повредена…