Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

t

СВР Скопје утре ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по неколку сообраќајници во центарот на Скопје поради одржување  два синдикални првомајски протеста.

Како што соопшти МВР, од 10 до 12.30 часот ќе има посебен сообраќаен режим поради најавен протест на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија со траса на движење од пред канцелариите на КСС на ул. „50 Дивизија“, по ул.„Јордан Мијалков“, бул.„Климент Охридски“ се до Владата на бул. „Илинден“.

Исто така, со почеток во 12 часот е најавен протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) со траса на движење од пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“ кон Собранието по улиците „Филип Втори Македонски“, „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“, потоа кон седиштето на Стопанската комора на Македонија и ќе заврши на бул.„Илинден“ пред Владата.

-МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, информира Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претреси во Скопје, пронајден амфетамин

Денеска (26.12.2024) во 10.15 часот од страна…

АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…

Инспекциските служби на Агенција за храна и…

Од март директна авиолинија од Скопје до…

Од март ќе биде воведена директна авиолинија…

БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…

Во завршна фаза се активностите за санација…

Од вечер повеќе од половина од Скопје…

Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…