Утре посебен режим на сообраќај поради генерална проба на ОБСЕ самитот
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 28.11.2023 година (вторник) од 09 до 12часот, поради одржување на генерална проба во врска со 30-тиот Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година во СРЦ „Борис Трајковски“. кој ќе се одржи од 29.11.2023 во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
Имено за сообраќај ќе бидат затворени следните улици: бул.„Илинден“ од крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Љубљанска“ и бул.„8-ми Септември“ од крстосница со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански Одреди“.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…
Инспекциските служби на Агенција за храна и…
Од март директна авиолинија од Скопје до…
Од март ќе биде воведена директна авиолинија…
БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…
Во завршна фаза се активностите за санација…
Од вечер повеќе од половина од Скопје…
Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…
Штедете и гответе оброци што не бараат…
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во пресрет…