УХМР со предупредување: Попладне невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува. Попладне и кон крајот на денот претежно во северните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер, краткотрајно и во вид на изолирано невреме.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, од пладневните часови краткотрајно ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 29 степен.
Според УХМР, во четврток ќе дува повремено засилен северен ветер, што ќе услови температурата да се намали за неколку степени, а попладне претежно на запад ќе има појава на повремен пороен дожд и ретки грмежи. Од петок температурата повторно ќе биде во постепен пораст.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лишен од слобода скопјанец, управувал возило со…
На 18.06.2025 во 10.00 часот на патот…
Раст на смртноста во Македонија: Најчести причини…
Бројот на починати во државата во изминатата…
(Видео) Надреални сцени од Белата куќа, Трамп…
Неколку играчи на Јувентус, заедно со тренерот…
(Видео) Арсовска: Вики, не глуми, какво поткровје…
Ова е објава за читање за сите…
Американски разузнувач: Супербомбата на Пентагон можеби е…
Поранешниот американски разузнавачки службеник, Метју Шумејкер, предупредува…