Ученик од Охрид паднал од објект во изградба додека бил на пракса – сопственикот ќе одговара за непреземање мерки за заштита
Малолетен практикант паднал од седум метри висина од објект во изградба во Охрид.
Полицијата поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и сопственикот П.С.(48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „повреда на правата од работен однос“ и „непреземање мерки за заштита при работа“.
„П.С. како сопственик на правното лице, не се придржувал кон Законот за засновање и престанок на работниот однос кон малолетник-ученик од Охрид, кој изведувал пракса во правното лице, не се придржувал кон Законот и колективниот договор за мерките за заштита при работа, односно не му обезбедил заштита при извршување на работните ангажмани на практикантот, поради што малолетникот паднал од околу седум метри висина на објект во изградба во охридската населба „Бејбунар““, соопшти СВР-Охрид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ученик од Охрид паднал од објект во…
Малолетен практикант паднал од седум метри висина…
Протести во Софија против „влијанието на мафијата…
Пред седиштето на бугарската политичка партија ДПС-Нов…
Дисциплинска постапка за 11 вработени во СВР…
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста…
СДСМ: Три месеци по ред се намалува…
Со Мицкоски како премиер, трошоците за живот…
До 12 часот нема активни пожари на…
На ден 26.09.2025 година, до 12:00 часот,…