Протести во Софија против „влијанието на мафијата во бугарската политика“

t

Пред седиштето на бугарската политичка партија ДПС-Нов почеток, во центарот на Софија, синоќа се собраа демонстранти за да го изразат своето незадоволство од, како што тврдеа, „вкоренето влијание на мафијата во бугарската политика“.

Собирот беше организиран од граѓанското движење БОЕЦ и се одржа под силен полициски надзор.

Учесниците виореја национални знамиња и носеа транспаренти со слогани како што се: „Затворска ќелија за Певски, а не палата“ и „Слободна Бугарија без Пеевски, Борисов и мафијата“, објави порталот „Новините“.

Протестите се насочени против лидерот на ДПС-Нов почеток, Дељан Пеевски, и лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, кого демонстрантите го обвинуваат за зачувување на политичкиот статус кво.

Ивајло Мирчев, пратеник од опозициската коалиција „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“, изјави дека Пеевски наводно се обидел да организира контра протести со тоа што им наредил на градоначалниците поврзани со неговата партија да испраќаат учесници на протести во неколку градови, но дека планот бил отфрлен поради ризикот од дестабилизација на владата.

Тензиите се зголемиле кога еден човек нападнал демонстрант пред новинарите, но полицијата брзо го привела, додека толпата скандирала: „Не на провокациите“.

Лидерот на БОЕЦ, Георги Георгиев, пред споменикот на Васил Левски во центарот на градот објави дека денеска ќе биде свикан состанок за формирање на Национална алијанса за заеднички фронт против мафијата, а во иницијативата ќе учестуваат политичари на ССБ-ДБ и претставници на граѓанските организации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мерц пристигна во Киев: Германија подготвува милијарда…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц утрово пристигна во…

Трамп: Не можете едноставно да ги исклучите…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го поддржа…

Студено утро, па сончево и релативно топло…

Времето денеска ќе биде со ведро и…

Сомнеж за чума во Сибир: Почина лабораториска…

Сомнеж за чума во Сибир: почина лабораториска…

Изменет сообраќаен режим во Скопје поради Виз…

Дел од улиците и булеварите во Скопје…