Ученичка уценавана од соученици, им дала 25.000 евра
Ученичка уценавана од соученици, им дала 25.000 евра.
“25.000 евра малолетно девојче од основно училиште во околината на Бит Пазар ги, земала од дома, само за да им ги даде на своите врсници од училиштето, за да не го тепаат нејзиниот брат кој имал здравствени проблеми”
Случајот е пријавен во полиција. Според соопштението на МВР, случајот во полиција го пријавил таткото на девојчето. Сакајќи да го заштити својот помлад брат, девојчето постојано земала пари од дома. Полицијата не соопшти во кое училиште се случил настанот. Некои од анкетираните граѓани велат дека е потребна поголема родителска контрола, додека други велат дека училиштата не се доволно безбедни.
Кај родителите повеќе отколку во училиштето се е во ред.
Што треба да се преземе?
Сите родители треба да видат каде и како се испраќаат, што прават во училиште. Не е само туку така прати го. Го праќаш на училиште, и не знаеш каде е после.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека работи на целосно расчистување на случајот. Малтретирањето меѓу врсниците на училиште не е невообичаена појава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
Двајца осомничени за напад на полицајци во…
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и…
ГЛУМЕЛЕ ПОЛИЦИЈА СО РОТАЦИИ, ЗАСТАНАЛЕ ЗАТВОРСКИ ПОЛИЦАЕЦ…
Страшен настан го потресе Скопје, но не…
(Видео) Пијан полицаец направи хаос во Варшава
Маж, за кој подоцна беше утврдено дека…
Сакал да поткупи полицаец со 50 евра,…
Жител на сеото Бузалково, Скопско сакал да…