Уште да му кажат на премиерот дека даваат милијарди на кредит: Поради пренатрупаност, Франција размислува за изнајмување затвори во Источна Европа
На 1 мај, француските затвори имале вкупно 62.570 места, а пренатрупаноста го надминала нивниот капацитет за една третина, што е највисок досега, а една година претходно, на 1 мај 2024 година, капацитетот бил надминат за една четвртина.
Во Франција за една година бројот на затвореници е зголемен за 6.000 лица, а 25.000 за пет години. Поради пренатрупаноста на затворите 5.234 затвореници спијат на под.
Бројот на осуденици во 23 француски затвори на 1 мај бил поголем за 200 отсто од нивниот предвиден капацитет.
Неодамна францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека се разгледува можноста за изнајмување на затворски места во други држави, посебно во Источна Европа, пренесува МИА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апасиев ги избрука! Не работи канцеларијата за…
ПОТЕМКИНОВИОТ СВЕТ НА ВМРОИДИТЕ (или "Како функционира…
Доаѓа невреме во Македонија
Во нашата Република Македонија се до петок…
Што се случува во РЕК Битола, врие…
Во моментов огромно полициско присуство има во…
Откако цела Македонија ги виде заканите кон…
Дел од родителите на починатите во трагедијата…
Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…
Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…