Уште еден земјотрес, битолчани повторно излегоа на улица

t

Во 16:30 регистриран е уште еден потрес со јачина од 3 степени според Рихтер.

Во 16:14 часот беше регистриран посилен земјотрес во реонот на Лерин, во соседна Грција.

Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар јачината била меѓу 4,3 и 4,5 степени според Рихтеровата сакала, а бил на длабочина од 2 км.

Двата земјотреса инаку се почувствувани и во Битола. Повторно грѓаните на Битола излегоа на улиците. Тие веќе два дена се во страв поради честите целни потреси. Првата серија земјотреси во неделата ноќта во Битола предизвикаа оштетувања и во објекти од училишта, градинки и други институции. Оштетувања има и во индивидуални куќи, како и во згради.

Општина Битола формираше Комисија за проценка на штети составена од експерти која ќе излезе на терен и ќе направи увид врз оштетувањата кои ќе бидат исплатени со средства најверојатно од ребаланс на буџетот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена од Македонија се удавила во Грција

Државјанин на Србија и државјанка на Македонија…

Грција во иднина би можела да се…

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска навести дека…

Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа…

Поранешниот премиер Зоран Заев му упати честитка…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…