Уште еден Србин уапсен во Косово: Обвинет е за воени злосторства

Косовската полиција го уапсила Драгиша Миленковиќ од околината на Грачаница под обвинение за воени злосторства, потврдија за РТС семејството на уапсениот.
Велат дека при апсењето полицајците биле насилни.
Припадниците на специјалните единици упаднале во неговиот двор околу пладне.
Го блокираа целиот простор и не дозволуваа никој да се приближи, а потоа го извадија Миленковиќ, јавува дописникот на РТС.
На семејството му беше објаснето дека Миленковиќ е уапсен за воени злосторства врз Албанци кои наводно ги малтретирал додека работел како чувар во затворот во Липлан.
Како што потврдиле соседите, полицијата го прашала Миленковиќ кој од неговите синови служел во војската на Србија.
Во семејната куќа пристигнала екипа за итна помош. На сопругата на уапсениот Србин и се слоши, и даваат помош.
Во куќата е извршен претрес по оружје.
Уапсениот Миленковиќ е татко на три деца, информираат српските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПРИВЕДЕНИ СЕ РАТКО ДИМИТРОВСКИ, НИКОЛЧО ИЛИЈЕВ И…
Предмалку полицијата ги привела двајцата поранешни градоначалници…
Студенти и членови на невладини организации приведени…
Припадниците на Министерството за внатрешни работи на…
Германија праќа 300 војници на Косово во…
Германската мисија во НАТО ја коментираше посетата…
Косово ќе склучи договор за одбрана со…
Владата на Косово, иако во технички мандат…
МВР потврди: Претреси и апсења на повеќе…
Во координирана акција на МВР и Основното…