Уште една тужба од денешните пратенички прашања: Петровска ќе го тужи Ковачки

t

Министерката за одбрана на Република Македонија, Славјанка Петровска, денеска најави низа тужби за пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, кој на седницата за пратенички прашања изнесе информации дека министерката Петровска употребувала седативи и дека има проблеми со психичкото здравје.

– И за оваа лага, и за неколку лаги изнесени претходно во врска со мене, но и со Армијата, ќе се видиме на суд, вели Петровска.

Таа додаде дека нема потреба опозицијата да бара од премиерот да ја разреши министерката, дека постои инструмент интерпелација, со кој може да биде разрешена доколку опозицијата смета дека има аргументи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петровска до ВМРО-ДПМНЕ: Каде сте „патриотчиња“ –…

Во синоќешното обраќање од собраниската говорница, ексминистерката…

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Тужба против Фејсбук и Инстаграм поради „овозможување“…

Платформите на Марк Цукерберг се „почва за…