Уште една членка на ЕУ ги укина Ковид сертификатите

t

Литванија ја суспендираше употребата на сертификати за ковид, иако земјата има висока стапка на инфекција.

Од денеска нема да треба да се покажува потврда за влез во ресторани, продавници, театри, кина, музеи и слично, пишува агенцијата ДПА.

Истовремено, укината е и обврската на вработените во одредени занимања – вклучително и здравствениот и образовниот сектор – редовно да се тестираат.

Останатите мерки остануваат валидни во рестораните и на јавните настани. Маските и социјалното растојание се уште се задолжителни.

Литванското Министерство за здравство наведува дека сертификатите за ковид одиграле важна улога во борбата против пандемијата.

Сепак, со ширењето на позаразната варијанта омикрон, ризикот од инфекција постои и за вакцинираните и за оние кои биле заразени, што значи дека ефективноста на потврдата за ковид е значително намалена, велат од Министерството.

Владата не ја отфрли можноста за повторно воведување на сертификати за коронавирус доколку тоа го бара ситуацијата, пишува Јутарњи лист.

Литванија го воведе дигиталниот сертификат во мај 2021 година и оттогаш повеќе од 2 милиони луѓе го презедоа сертификатот.

Во Литванија, како и во многу други земји, зголемен е бројот на заразени со омикрон.
Во земја со речиси 3 милиони жители, од почетокот на пандемијата се регистрирани повеќе од 740 илјади случаи на зарази и 7.900 смртни случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…

По упатеното барање за помош од Македонија,…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…

ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…