Уште едно огромно достигнување: Ѓоковиќ осум години на чело на АТП листата
Иако оваа сезона не му тргна најдобро, Новак Ѓоковиќ и натаму е убедливо на чело на АТП листата, од денеска со 920 бода предност во однос на Карлос Алкараз.
Овој понеделник, тој ја почна 417. недела на чело на тенискиот ранкинг што значи дека ќе комплетира точно осум години на врвот на ранкингот. Таму сигурно ќе остане уште повеќе од еден месец бидејќи Алкараз ја брани титулата во Мајами и не може да го стигне, а останатите тенисери се доволно далеку за да не го загрозат првиот светски рекет.
На новата АТП листа нема поголеми промени во однос на пласманот. Прогрес забележаа Александер Зверев кој сега е на петтото место, како и Каспер Руд кој е осмопласиран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Егоров немаше сили за изненадување, запиша убедлив…
Уште еден македонски претставник не успеа да…
Отец Герасим му порача на Новак: Парите…
Отец Герасим, монах на Српската православна црква…
Лишен од слобода маж од велешко поради…
На 07.08.2024 во 12 часот во Велес,…
(Видео) Предупредување за цунами! Земјотрес од 7.1…
Земјотрес со јачина од 7,1 степен според…
Ребалансот на пленарна седница во понеделник, ни…
Собранието за понеделник ја закажа седницата на…