Објавено на:

Уште таа фали: Шпанија ја разгледува опцијата да испорача тенкови во Украина

t

По написот на весникот „Ел Паис” дека Шпанија разгледува опција за да испорача борбени тенкови и противвоздушни системи на Украина, реагираше и министерката за одбрана Маргарита Роблес, која не ја потврди, но не ја ни отфрли иницијативата.

– Не можам ниту да ја потврдам, ниту да ја демантирам вистинитоста на веста, изјави Роблес кога и беше побарано да го коментира тврдењето на Ел Паис.

Роблес ги опиша испораките на оружје за Украина по руската инвазија како „исклучително деликатно прашање” кое бара „најголема дискреција” во изјава за локална телевизија, пренесува ДПА. Таа истакна дека Русија постојано се заканува на земјите кои испорачуваат оружје на Украина.

Сепак, Роблес, исто така, рече дека Шпанија ќе дејствува „во рамките на своите можности и во координација со своите партнери” за да направи се што може за да ја поддржи „херојската храброст” на Украинците.

Вчера, весникот „Ел Паис” објави дека Шпанија планира да ја снабди Украина со околу 40 главни борбени тенкови произведени во Германија, обезбедувајќи ѝ на земјата модерни западни тенкови за првпат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајден побара продолжување на испораката на оружје…

Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден соопшти…

Лавров: Русија не се задоволува со примирје…

Русија нема да прифати само воспоставување примирје…

Украина најде одговор за рускиот Орешник?

Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…

Албанија ќе обучува украински војници

Албанската влада донесе одлуката за учество на…

Трамп номинираше противник на воената помош за…

Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…