УЈП продолжува со контролите: Попладнево се очекува нова голема акција во маркетите
За помалку од еден час се очекува нова голема акција на Управата за јавни приходи во Македонија.
Извори за Инфомакс, велат дека продолжува акцијата за контрола во маркетите ширум Македонија во која УЈП разоткрива злоупотреби и измами кон потрошувачите.
Акциите на УЈП се предизвикани од кусоците на основни прехрамбени продукти кои се појавија по маркетите ширум Македонија кои настанаа откако енормно се покачија цените на прехрамбените продукти на светските пазари поради енергетската криза и недостатоците на основни продукти ширум светот.
Пред малку Пправата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека завршија контролите на терен во „КАМ“ и ниту еден маркет не е затворен, ниту до овој момент се изречени казни кон овој даночен обврзник.
– Законска обврска на УЈП е да го штити интересот на граѓаните и на државата. Во таа насока, а по пријава на граѓани и институции, УЈП почна со надворешна контрола, согласно законот за увид во состојбата со залихите на трговската стока во магацините и продавниците, со цел да се утврди фактичката состојба и да се изврши споредба со книговодствената евиденција. Со првичниот и прелиминарен увид на терен, инспекторите утврдија дека дел од малопродажните објекти, не само во погоре посочениот маркет, туку и кај некои други маркети на големите ланци, се пресметувалo пет отсто ДДВ за основните производи за храна, наведува УЈП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кичевско риболовно друштво организираше хуманитарен настан за…
Риболовното друштво „Хантер Фиш Кичево“ организираше куманитарен…
Зеленски на ручек со кралот Чарлс Трети
Претседателот Зеленски се сретна со кралот Чарлс…
Мерц: Нема причинa да ги критикуваме Израел…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека нема…
Спасовски: Со акробации во Собрание ВМРО-ДПМНЕ го…
Денеска се одржа седница на Комисијата за…
Словенечкa протетичарка ќе им помага на повредените…
Директорот на ФЗОМ Сашо Клековски денеска се…