Фала на поддршката ама и вие и СДСМ сте исти – Српските студенти му одговорија на Филипче
Српски студент како глас на српските стденти упатува јасен и директен одговор до македонскиот политичар Венко Филипче, откако тој јавно им изрази поддршка и го нарече српскиот претседател Александар Вучиќ „криминалец“.
Во реакција на неговата објава на Твитер студентот најпрвин му се заблагодарија на Филипче за поддршката, но веднаш потоа му го расипа денот:
„Фала за поддршката, но она што го прави Александар Вучиќ, а што порано го правеше и Гуевски, е истото она што го правеа Заев и СДСМ. Сите тие го сакаат истиот тој систем и се дел од него. Никој не е подготвен да го промени системот. А токму тоа го сакаат студентите – не имиња, туку СИСТЕМОТ! СТУДЕНТИТЕ ПОБЕДУВААТ “, гласи одговорот до Филипче.

Со оваа порака студентите јасно нагласија дека нивната борба не е насочена против поединци, туку против целиот систем кој, според нив, го одржуваат и српските и македонските политички елити – од Вучиќ и Груевски, до Заев и СДСМ.
Овој одговор доаѓа во момент кога студентските протести во Србија продолжуваат да привлекуваат големо внимание во регионот, а изјавите на странски политичари сè почесто се користат како обид за политичка поддршка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон…
Во Брисел испративме два закони – Кривичниот…
АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…
Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…
Секој кој ќе ги исполни условите може…
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…