Фатен 12 – годишен крадец во Битола, украденото вратено на сопствениците

t

На 31.10.2025 во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 12- годишен битолчанец. Тој се сомничи дека извршил кривично дело „тешка кражба“, односно дека на паркинг простор пред спортска сала „Боро Чурлевски” во Битола со употреба на сила и подесен алат влегол во автобус со штипски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Штип, при што одзел повеќе лични работи на ученици и наставници кои биле на екскурзија.

По преземени мерки тој е пронајден и  лишен од слобода, а украденото е вратено на сопствениците. 


По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фатен 12 – годишен крадец во Битола,…

На 31.10.2025 во Битола, полициски службеници од…

Украдени се уште три бронзени бисти од…

МВР информира дека вчера во 12:00 часот…

Лишени од слобода возачи од Битола, делчевско…

На 27.10.2025 во 21:13 часот на ул.„Солунска“…

Поднесени 45 кривични пријави во врска со…

Министерството за внатрешни работи ве известува дека…

Двајца уапсени кај Арачиново – во автомобилот…

МВР информира дека вчера попладне во 16:20…