Фајон: Словенија и Германија подготвија нон-пејпер, да нема можност за вето поради билатерални прашања

t

Словенија и Германија подготвија нон-пејпер во кој ќе се предвиди дека во претпристапниот процес нема можност за вето и блокада поради билатерални прашања со соседните земји, најави министерката за надворешни и европски работи на Словенија, Тања Фајон.

„Тоа е иницијатива за забрзување на целиот процес на проширување, односно на претпристапниот процес, за да немаме премногу можности да ставиме вето за блокадата на соседите поради билатерални прашања и да ја искористиме можноста за гласање со квалификувано мнозинство ( QMV) неколку пати со самиот процес“, рече Фајон во интервју за агенцијата МИНА.

На прашањето за коментарот за нон-пејперот на Хрватска испратен до Црна Гора, Фајон рече дека искуството на Словенија покажува дека билатералните прашања секогаш треба да се решаваат во добрососедски дух и дека тоа треба да се решава пред влезот во ЕУ.

-Се надевам дека Црна Гора и Хрватска ќе имаат толку добри односи што ќе ги затворат билатералните прашања и дека овие прашања нема да го отежнат целиот процес на проширување и приближување на Црна Гора кон ЕУ – рече Фајон.

Таа истакна дека Словенија и Хрватска имале слични тешкотии.

„Хрватска беше последната земја што влезе во ЕУ, сега треба да биде искрен партнер на сите земји од Западен Балкан“, рече Фајон.

Според неа, колку побрзо една земја ги исполни условите, толку побрзо ќе влезе во ЕУ.

„Моето мислење е индивидуално за секоја земја. Самите реформи и дека самото отворање и затворање на преговорите не е толку технички, туку повеќе е политички процес“, рече Фајон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фајон: Словенија и Германија подготвија нон-пејпер, да…

Словенија и Германија подготвија нон-пејпер во кој…

Косовски вицепремиер: Косово заслужува да добие статус…

Кабинетот на вицепремиерот на Косово, Бесник Бисљими,…

Словенија испраќа војници во Бугарија со цел…

Словенечки војници ќе бидат испратени во Бугарија,…

ОБСЕ најави дека ќе започне со подготовка…

Организацијата за безбедност и соработка во Европа…

Безвизниот режим нa Македонија со ЕУ не…

Сите европски земји и територии продолжуваат да…