Ферус Мустафов постхумно ќе го добие признанието „8 Ноември“ на Општина Штип

t

На првата седница на новиот Совет на Општина Штип за претседателка е избрана Весна Кожинкова, која и досега го водеше градското собрание. Во Советот, кој брои 23 советници, 16 се од ВМРО-ДПМНЕ, четворица од СДСМ, двајца од Левица и еден советник од ЗНАМ, пишува „СДК.мк“.

Советот го прифатил предлогот на Комисијата за признанието „8 Ноември” по повод Денот на ослободувањето на градот тоа да им се додели на 18 заслужни граѓани од Штип кои дале придонес во развојот на градот, а посебно за неговата афирмација во земјата и странство.

На наредната седница на Советот, што ќе се одржи на 7 ноември, вакво признание потсхумно ќе добие и светски прочуениот штипски музичар Ферус Мустафов, за кого имало три предлози од различни места да му се додели ова високо општинско признание, јавува дописникот на „Сакам да кажам“ од Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ферус Мустафов постхумно ќе го добие признанието…

На првата седница на новиот Совет на…

Единаесет месеци казна затвор за родителот кој…

Родителот кој на фудбалскиот натпревар меѓу младинските…

Пет лица се повредени во сообраќајка кај…

Пет лица се повредени во сообраќајната несреќа,…

Ѕвездено небо во чест на Панчо вечерва…

Штип вечерва ќе го подигне погледот кон…