Пет лица се повредени во сообраќајка кај штипската населба Три чешми

t

Пет лица се повредени во сообраќајната несреќа, која утринава се случила кај штипската населба Три чешми.

Несреќата, како што пренесува МИА, се случила по 7 часот меѓу камион и автомобил.

Повредените, како што велат од Клиничката болница Штип, не се во животозагрозувачка состојба. Две лица се пренесени на Одделението за ортопедија, а три се на Хирургија. Од болницата велат дека се вржат потребните медицински снимања на повредените.

Во тек се испитувања за причините за несреќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Менувале оцени за пари – Поведена постапка…

Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка против…

Автомобил удрил во човек во инвалидска количка

На улицата „Борис Трајковски“ во Скопје се…

Ристовски: Штип доби нова спортска сала во…

Штип денеска добива нов, современ спортски објект…

Трагедија: Маж загина откако со мотоцикл удри…

На 06.09.2026 година околу 13:00 часот во…

Тетовец возел со три промили алкохол во…

На 05.09.2026 во 13:00 часот, полициски службеници…