ФИБА отвори истрага за инцидентот во Куманово

t

Федерацијата жестоко го осуди говорот на омраза и дискриминаторскиот или расистички јазик од каков било облик

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) остро го осуди инцидентот со навредливите скандирања на натпреварот меѓу Македонија и Романија кој се одигра во саботата во Куманово. Дополнително, од Федерацијата информираат дека инцидентот е предмет на истрага од нивна страна.

Кошаркарскиот натпревар Македонија-Романија одигран на 2 август во Куманово

„Во оваа фаза собираме релевантни извештаи и изјави во тесна соработка со вклучените национални федерации, како и со локалните власти и органите за спроведување на законот“,соопшти ФИБА, додавајќи дека безрезервно и жестоко го осудува говорот на омраза и дискриминаторскиот или расистички јазик од каков било облик.

Навредливите скандирања на кошаркарскиот меч претходно наидоа на осуда од политичките партии и државниот врв во земјава, како и од македонската кошаркарска федерација и Општина Куманово на чија територија се одигра натпреварот. Полицијата и обвинителството, пак, информираа дека ги испитуваат околностите околу инцидентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФИБА отвори истрага за инцидентот во Куманово

Федерацијата жестоко го осуди говорот на омраза…

ВИДЕО: Голема полициска акција предизвика колони на…

Голема полициска акција и апсење на наплатна…

Пукна резил во Куманово: Членовите на ВМРО…

Ауууууууууууу Гаси Светло !!! Од Инбокс: ЈАВНА…

Кумановец агресивно се однесувал и им се…

Насилен жител на Куманово е уапсен вчеравечер,…

Пламнаа пожари и околу Куманово – во…

Попладневно избувнаа неколку пожари на различни локации…