Филипче: Ако Мицкоски поседува информации за дестабилизација да ги сподели со надлежните институции!

t

Доколку Мицкоски поседува било какви информации за можна дестабилизација или нарушување на мирот во земјата, истите мора итно да ги сподели со надлежните институции. Во спротивно, тој станува соучесник или политички фактор кој можеби од таквата состојба има интерес.

Информациите за дестабилизација кои два дена по ред ги пласира премиерот предизвикуваат немир кај граѓаните, а негова лична одговорност е да превенира таква состојба. Доколку тој сам не ги сподели информациите, ги повикувам истражните органи да поведат постапка и ги истражат овие наводи.

Како претседател на СДСМ која е одговорна партија, секогаш се спротиставувам на било какви форми на дестабилизација. Исто така, не смее да се дозволи ниту манипулации со чуствата на граѓаните и предизвикување состојба на тензија, без конкретна акција од страна на државата.

*Фејсбук статус на претседателот на СДСМ, Венко Филипче

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…

На премиерот му е јасно дека Таравари…

Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…

Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…

ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…

Владата е стабилна силна и успешна –…

Филипче: Институциите вршат притисок врз градоначалниците од…

„Имаме 17 градоначалници и сите можни инспекции…