Филипче: АНБ можеби истражувала сомнителни финансиски извори на ВМРО-ДПМНЕ?

t

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврди дека власта е против декласификација на документацијата, поради стравот да не излезат на виделина информации за сомнителни странски финансиски извори поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.

„Имаше сомнителни извори на унгарскиот кредит, дали се тоа кинески или руски пари, никој не знае. Гледате каков е сојузот помеѓу Русија и Кина на светско ниво. Дел од сознанијата во врска со финансии коишто доаѓаа за време на нашето владеење кон некои структури – исто така. Можеби е тоа една од темите коишто ќе излезат ако се декласифицираат овие податоци сега од АНБ. Мислам дека власта нема да го направи, поради тоа што сметам дека ќе избега од таа тема“, рече Филипче во интервју за „Слободен печат“.

– Advertisements –

Филипче вели дека специфично прашање е дали со тие групи кои што биле пратени и биле обработувани материјали согласно капацитетот и ингеренциите на Агенцијата за национална безбедност, комуницирал и премиерот и зошто комуницирал.

„Дали тој бил директно пратен или комуницирал со некој кои што биле пратени заради сомнителни активности? И тоа е исклучително прашање. Апелирам да во што пократок рок тие документи се декласифицираат и јавноста да знае за што станува збор“, порача тој.

ВМРО-ДПМНЕ,пак, бара Јавното oбвинителство на чело со Љупчо Коцевски да истражат кој дал наредба за следење. Тие тврдат дека таргет бил и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски,за„Њузмак Балканс“ вчера посочил дека со овој скандал се отвораат повеќе прашања, за тоа како и зошто тие лица се избрани за прислушкување, каде завршувале информациите и која била целта на наредбодавачот.

„Се работи за тоа дека Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање во периодот од пет години помеѓу 2019 и 2024 злоупотребувала државни ресурси за оперативно следење и оперативна обработка на лидерот на опозицијата на бизнисмени, на новинари, на медиуми. ЈО одбива да даде повеќе информации, ние не знаеме дали ќе биде оформен предмет, ваков сериозен скандал се граничи и со државен удар, бидејќи вие ако злоупотребите една ваква служба и ресурсите на државниот систем, за да вие правите опсервација на лидер на опозиција, на бизнисмени, на новинари, без претходно да имате добиено дозвола согласно законите од обвинителството, вие правите и државен удар. Треба тие лица кои тоа го дозволиле и коишто тоа го знаеле да бидат повикани на одговорност и да се запрашаат“, рече Стојановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: АНБ можеби истражувала сомнителни финансиски извори…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврди дека…

Во Болницата во Кочани задржани се четворица…

На болничко лекување во моментов во кочанската…

(Фото) Еве како изгледа Тетово со Касами

Количка за пазарување во маркети се најде…

Русија ја погоди владината зграда во Киев,…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди рускиот…

Тошковски не се сомнева дека во моментот…

Министерот за внатрешни работи – Панче Тошковски,…