Тошковски не се сомнева дека во моментот се прислушува незаконски
Министерот за внатрешни работи – Панче Тошковски, не верува дека во моментов продолжуваат незаконските прислушувања на политичари, новинари и други јавни личности, бидејќи времето на самоволие на безбедносните служби завршило, оцени министерот во интервју за РСЕ. Според Тошковски, со создавањето на АНБ и Оперативно техничката агенција се распределила концентрацијата на моќ кај безбедносните институции.
Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност – Виктор Димовски, кој се најде посочен во обвинувањата на актуелниот директор – Бојан Христовски за узурпација на Агенцијата и незаконско постапување , во интервју за медиум, тврди дека немало никаква документација за оперативна обработка на поранешниот лидер на опозицијата, Христијан Мицкоски и побара декласификација на документацијата.
Според дел од експертската јавност, декласификација е потребна на јавноста на која се уште и се свежи аферите со незаконското прислушување од времето на УБК. Поранешниот шеф на военото разузнавање – Владимир Пивоваров, посочува дека токму поради ваквите афери за незаконито и неетичко постапување на тајните служби и начинот на кој тие политички се лиферуваат, граѓаните немаат доверба во безбедносно-разузнавачкиот систем на државата.
Иако веќе осум месеци Јавното обвинителството има отворено предмет по допрен глас за наводното незаконско следење на Мицкоски, во петокот истражители од ОЈО ГОКК влегоа во АНБ и најавија дека увидот ќе трае и во наредниот период. Во среда се очекува и собраниската Комисија за надзор на АНБ и АР да појде во контрола, откако веќе два пати не им успеа процедурата за свикување на комисијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 31 пожар на отворен простор се…
Вкупно 31 пожар на отворен простор се…
Денес се празнуваат Светите маченици Агатоник, Зотик…
Свети Агатоник беше никомидиски граѓанин, по вера…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Сончево и топло со мала до умерена…
Неподнослива смрдеа во Скопје – ЦУК и…
Граѓани со часови се жалат за неподносливата…
Пожарот на косовската граница не се смирува,…
Големиот шумски пожар кој денеска избувна на…