Филипче: Власта на Мицкоски продолжи каде што застана Никола Груевски
Власта на Христијан Мицкоски продолжи каде што застана Груевски, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на работилница на Форумот на жени на СДСМ.
-Нашите граѓани секој ден по различни фокус групи сфаќаат што губат со власта на ВМРО-ДПМНЕ. Гледаме како кога на власт ќе дојде еден авторитарен режим кој што не се грижи за ништо друго, освен за своите сопствени, тесни, теснопартиски интереси, се друго паѓа во втор план. Како беа гласни работниците за своите права, за своите плати, а каков притисок сега им прават на дневно ниво, на дневна основа. Што прават докторите сега? Ние во првите години за 40% платите им ги покачивме. Сега тоа го нема, молчат. Што прават наставниците? Се плашат. Веќе и малите деца го знаат, ова е една ненародна власт. Нема друга дефиниција. Продолжија таму кај што се застана на ниво на Груевски. Ништо друго., рече Филипче.
Претседателот Филипче додаде дека единствена алтернатива која може да и се спротивстави на оваа ненародна власт е Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Власта на Мицкоски продолжи каде што…
Власта на Христијан Мицкоски продолжи каде што…
(Видео) Станари заробени во голем пожар во…
Пожар избувна денеска во станбен комплекс во…
Село Добровница излегува на протест поради проблемот…
-На 26.11.2025 година во 11:00 часот во…
Спасовски: „Побарав да ме сменат од координатор…
Актуелниот пратеник и поранешен министер за внатрешни…
Исмаил: Власта го одби амандманот за зголемување…
На Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот…