Филипче во Кочани: 585 милиони евра директно во џебот на граѓаните со нашата мерка за плати

t

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вчера го посети Кочани каде зборуваше за мерките кои СДСМ ги предлага за подобрување на животниот стандард.

Тој истакна дека партијата има конкретен предлог за зголемување на платите во приватниот сектор, без тоа да претставува дополнителен финансиски товар за работодавачите.

„Даваме предлог да се зголеми платата во приватниот сектор, а притоа придонесите да се замрзнат за да тоа не биде товар на приватните работодавачи. И тоа се некаде 400.000 луѓе кои што треба да имаат зголемување според нашите пресметки помеѓу 3.000 и 15.000 денари. И ако земеме просек 7.500 денари зголемување на плата, вкупно тие 400.000 вработени во приватниот сектор годишно ќе добијат 585 милиони евра. 585 милиони евра директно во џебот на вработените годишно“ рече Филипче.

Тој истакна дека оваа мерка е од корист не само за работниците, туку и за државата.

„Каков ќар ќе има државата со оглед на тоа дека придонесите ќе бидат замрзнати? 10% од данокот на приход ќе донесе 58,5 милиони евра во буџетот. Ем луѓето повеќе приходи, ем нема да биде товар на работодавачи, ем ќар од тој дел на данокот за државата“ смета Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Селективна правда втор дел? Зошто актуелни функционери…

Фејсбук страницата Bella Ciao продолжи да ги…

Се врати во Македонија првиот од 115…

Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…

СДСМ: Дали актуелните командири, инспектори и раководството…

„Скандалозно е ова што го прави власта.…

Бошковска: Младите од Кочани страдаат од панични…

Откако трагедијата во Кочани ги потресе локалните…

Ова е таа селективна праавда? Зошто актуелни…

24 лица се во притвор, 30-тина се…