Филипче: МВР да истражи што се случило на Скопскиот аеродром

t

Недозволиво е за една ваква сериозна работа да нема официјално соопштение од МВР.  Се добива впечаток дека некој сака да ја сокрие вистината. Апелираме во што поскоро време МВР да истражи што се случило и со вистински информации да ја информираат јавноста, граѓаните тоа го заслужуваат, изјави денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче, прашан за случајот на Скопскиот аеродром.

Тој рече дека има неколку верзии кои вчера се пренесуваа во медиумите, од Кабинетот на косовската претседателка случајот се опишува како дипломатски скандал, друг е ставот на собранискиот претседател Африм Гаши, а официјалното МВР никаде го нема.

-Сметам дека тоа е апсолутно недозволиво затоа што се добива впечаток дека некој сака да ја сокрие вистината. Граѓаните тоа не го заслужуваат. Апелираме во што поскоро време МВР да истражи што се случило и вистински со вистински информации да ја информираат јавноста, граѓаните тоа го заслужуваат. Меѓутоа, мене ова не ме изненадува. Вакви дисонантни тонови, вакви различни ставови. Во изминатиот месец повеќе работи се случуваат. Од една страна, премиерот Мицкоски и министерот Николовски една работа кажуваат за пругата кон Бугарија, а министерот Муцунски нешто сосема друго. Премиерот кажува една работа за намалувањето на платите на функционерите, министерката Кочоска најавува дека ќе си оди ако се случи тоа, рече Филипче.

Според Филипче, во власта владее една голема конфузија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…

Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…

СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…

Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…

СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…

Проектот за реконструкција на патниот правец во…

СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…

Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…

СДСМ му одговори на Мицкоски: Еве зошто…

Соопштение за јавност СДСМ: Мицкоски праша, еве…