Филипче најави остро спротивставување во Собрание на ребалансот на Буџетот

t

По детална анализата на буџетот, може да се заклучи дека ВМРО-ДПМНЕ не предвидува зголемување на платите во ниеден сектор. Нема да ги почитува обврските од општиот колкетивен договор, нема да има повисоки плати за просветните работници, за здравствените работници, Полицијата, Армијата. Не е предвидено ни барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата на 450 евра и се доведуваат во прашање колективните договори. Ова е директен напад на правата на вработените и нивно понижување, објави лидерот на СДСМ, Венко Филипче за најавениот ребаланс на Буџетот.

Со ова, додава Филипче, ВМРО-ДПМНЕ ја суспендира политиката на континуирано зголемување на платите.

-Преку покачување на платите, СДСМ седум години го јакнеше стандардот на граѓаните и ги поддржуваше за време на економските кризи со дополнителни мерки во висина од 1,3 милијарди евра. СДСМ останува целосно на страна на работниците и им дава поддршка на синдикатите во битка за остварување на своите права, посочува претседателот на најголемата опозициска партија.

Филипче најавува дека како пратеничка група во Собранието остро ќе се спротивстават на ваквата политика и, како што вели, понижувачкиот буџет.

-Овој буџет, според сите независни експертски анализи, нема да донесе зголемена продуктивност и повисок раст, а ќе донесе огромни задолжувања додека платите на работниците нема да се покачуваат. Овие катастрофални економски политики уште во првиот месец од мандатот ќе го намалат животниот стандард на граѓаните и ќе донесат економска неизвесност, стои во објавата на лидерот на опозицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…

Филипче: МВР да истражи што се случило…

Недозволиво е за една ваква сериозна работа…

СДСМ: Срамно е да има три верзии…

Јавноста е во целосна конфузија по вчерашниот…