ФИЛИПЧЕ НЕЗАКОНСКИ ИМ ПЛАТИЛ НА ГРЦИТЕ 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА: „Бетон Штип“ го демантира демантот на „Интракат“

t

На 28 февруари, Плусинфо објави демант од компанијата „Интракат“, во врска со серијалот написи на порталот под заеднички наднаслов „Последниот скандал на Филипче“. Во демантот што може да се прочита на следниов ЛИНК, се спомнува и компанијата ГТД ,,Бетон Штип’’ ДОО Штип, пренесува Плус Инфо.

Во врска со овој демант, како засегната страна, до Плусинфо се допис се огласи ГТД ,,Бетон Штип’’ ДОО Штип. Реакцијата на оваа компанија, која таа ја нарекува демант на демантот, ја објавуваме во целост:

Во име на вистината и точното информирање на даночните обврзници за тоа кој и како ги троши нивните заработени пари во време на пандемија, енергетска и економска криза, каде тие пари завршуваат, зошто немаат квалитетно државно здравство иако плаќаат за тоа и зошто немаат болници барем приближни на оние во соседството, каде достојно би можеле да ги добијат здравствените услуги, го даваме овој демант на демантот и на сите лаги и клевети кои се кријат зад тој наслов.

Градежната компанија „Бетон Штип“ АД Штип беше една од првите три најреномирани градежни компании во државата. Отиде во стечај токму од проектот – изградба на „Клиничка болница Штип“, односно токму поради неплатените времени ситуации за извршени градежни работи и фактури за испорачани градежни материјали за изградбата на Клиничката болница од „Интраком Констракшн Сосиете Аноним Текникал енд Стил Констракшн – Подружница Скопје“.

Судот во Штип пресуди! Донесе правосилно и извршно Решение, со кое го задолжи грчкиот изведувач да му плати на „Бетон Штип“ за изработеното вкупно 124 милиони денари, пари кои тие ги имаа веќе наплатено од инвеститорот Министерство за задравство,во, но кои по доаѓањето на министерот Филипче одбија да ги платат на подизведувачот „Бетон Штип“.

Поради тоа Решението беше процесуирано преку местно надлежен извршител на присилна наплата, по чиј Налог за извршување на ден 05.08.2020 година сметката на Интракат беше блокирана.

Значи, не станува збор за никакви измислени суми, како што измислено наведуваат во демантот, туку за суми утврдени во правосилна судска одлука, донесена во законита постапка!

Се работи за обврски на Интракат, кој како изведувач на проектот „Клиничка болница Штип“ ги има кон „Бетон Штип“, како негов подизведувач, а кои, иако „Интракат“ ги наплати во целост сите извршени работи од инвеститорот Министерство за здравство, сепак не му ги исплати парите на „Бетон Штип“ согласно со договорот, туку напротив, неосновано го раскина Договорот за подизведување, што директно како последица предизвика активирање на банкарски гаранции и блокади на сметка, па следуваше и отварање на стечај над Бетон Штип, отпуштање на повеќе од 400 работници и неплатени обврски кон повеке од 600 домашни правни субјекти кои како подизведувачи работеа на проектот.

Оттука, лага во Демантот е и тоа дека Бетон Штип е тој кој се откажал од договорот со Интракат и дека тој е виновникот што подизведувачите останаа со ненаплатени побарувања!

Цели 15 месеци (поточно од 05.08.2020 – 04.11.2021 година) „Интракат“ беше со блокирана сметка по законита, правосилна и извршна одлука на македонски суд, а Судот во Скопје во два наврати го одбиваше предлогот за стечај над „Интракат“ поднесен од „Бетон Штип“. Истиот тој суд во два наврати правосилно ги одбиваше и приговорите на извршувањето и еднаш правосилно одби предлог за одлагање на извршување.

После што „се премисли“ и од „непознати причини“ со незаконито по сите основи решение на претседателот на Основен граѓански суд Скопје од 04.11.2021 година го одложи извршувањето против „Интракат“ за период од 90 дена, односно до 01.02.2022 година.

По ова веднаш „се премисли“ и бившиот Министер за здравство, кој откако после цели 15 месеци додека траеше блокадата не плати ни еден денар на сметката на „Интракат“, на 03.12.2021 година и на 07.12.2021 година им исплати одед,наш 100.400.000,00 денари, а на 14.01.2022 година и на 17.01.2022 година им исплати уште 59.367.205,00 денари, или севкупно во декември и во јануари им исплати 159.767.205,00 денари или 2.593.624,00 „пандемиски“ евра!

Ова, како што се вели во демантот, го направил „оти морал да исплати, законски од буџетот за 2021 година“.

Па кога веќе морал, зошто се стегал 15 месеци и не ги исплатил пред 04.11.2021 година? Или зошто не морал законски од буџетот за 2020 година да плати? Или зошто, кога сметката на „Интракат“ повторно била блокирана на 01.02.2022 година, Извршителот затекнал состојба од 0 (нула) денари на истата?

Одговорот е јасен, за да не дојдат парите кај „Бетон Штип“. За сите пари да отидат во Грција, или по нечии нерезидентни сметки во странство.

Демантот вели и дека министерот не платил набрзина, иако платил само еден ден по изборот на новата влада, или само два дена пред примопредавањето на функцијата на новиот министер за здравство.

Пак ли морал? Зошто не оставил тоа да го направи новиот министер?

За јавноста би било посебно интересно тоа што „Интракат“ се уште има активен договор со Министерството за здравство за изградба на штипската болница, иако ЕБР го раскина договорот за финансирање со државата токму по вина на „Интракат“. Тој договор опстојува и натаму без продолжени банкарски гаранции, а министерот Филипче, наместо веќе истечените банкарски гаранции да им ги активира и да наплати штета за Министерството за здравство поради неисполнување на договорните обврски, тој неосновано ги награди со 2,6 милиони евра на штета на Министерството.

Криминалот е поголем ако се земе во предвид и дека:

– со Налог за забрана на побарување од должников должник издаден од надлежниот Извршител беше ставена забрана да се исплаќа побарувањето од Министерството за здравство на „Интракат“, на кој налог лично споменатиот министер за задравство вложи приговор и кој приговор со Решение ППНИ-545/21 од 12.10.2021 година на Основен граѓански суд Скопје беше правосилно одбиен како неоснован;

Извор: Плус Инфо

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…

Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…

Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…

Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…

Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…

Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…

Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…

Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…

Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…

И по 23 години од случувањата на…