Филипче почна теренска кампања: Секој член ќе биде ценет и слушнат
Од денес почнувам да ја претставувам програмата за претседател пред членовите на СДСМ. Ми беше особена чест да се сретнам со членовите на СДСМ во Струга и Охрид. Мојата визија за СДСМ е ефикасна и функционална партиска организација која работи во интерес на членовите и граѓаните – соопшти кандидатот за лидер на СДСМ, Венко Филипче.
– Ако бидам избран за претседател ветувам дека секој член ќе се чувствува ценет и слушнат, а граѓаните во СДСМ ќе препознаат приземна, професионална и модерна партија.
На денешните средби ја презентирав првата поголема реформа, во делот на демократизацијата на изборот на претседатели на општински организации. Тие ќе се бираат на внатрепартиски избори бидејќи само така ќе ги избереме оние кои имаат најголема поддршка од членовите. Јас не верувам во наметнати решенија туку инклузивни политики на менаџирање.
Пред членовите истакнав дека довербата во членството и граѓаните ќе ја вратиме со достапност, отвореност, одговорно однесување на сите партиски членови, особено на високите партиски и политички функционери. Никој од моето опкружување и раководство нема да си дозволи да не дига телефон или да ги игнорира барањата на луѓето. Тоа е мој пристап и таков пристап ќе барам од сите во партијата.
Им благодарам на сите кои дојдоа денес, поддршката многу ми значи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…
Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…
СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…
Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…
СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…
Проектот за реконструкција на патниот правец во…
СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…
Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…
СДСМ му одговори на Мицкоски: Еве зошто…
Соопштение за јавност СДСМ: Мицкоски праша, еве…