Филипче-По кредитот во 4 очи следува фактурата за влез на компанија на Орбан со Кинески стратешки партнер
ФОКУС: Во исто време кога Унгарија ни позајми нам пари, таа се задолжи во Кина. Паралелно со тоа, унгарски телекомуникациски оператор, кој имал стратешка соработка со кинески гигант, изрази интерес да влезе во земјава. Како ги коментирате овие настани?
ФИЛИПЧЕ: Кога ќе договорите кредит во четири очи, веќе следниот ден стига и фактурата за услугата. Веднаш по кредитот стигна и најавата дека телекомуникациска компанија блиска до Орбан влегува во државата. Таа се најавува како некаква голема инвестиција, која реално ништо нема да донесе за граѓаните и економијата.
Владата не одговaра како унгарскиот мобилен оператор „4iG“ ќе влезе во земјава кога има стратешко партнерство со кинеска компанија, што е спротивно на домашните закони со кои се обврзуваме да користиме телекомуникациски системи од доверливи набавувачи.
Ова е уште еден од серијата чекори кои упатуваат на заклучок дека државата сериозно застранува од стратешкиот правец. Допрва ќе видиме кои се следните фактури кои ќе стигнат и какви бизнис-интереси се кријат зад целата работа.
Кредитот од Унгарија е всушност бизнис-план на Мицкоски, кој со сигурност ќе оди на штета на граѓаните. Три поколенија ќе ги враќаат позајмувањата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ зад кои се кријат очигледни матни намери.
Целото интервју на Фокус мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче-По кредитот во 4 очи следува фактурата…
ФОКУС: Во исто време кога Унгарија ни…
Рускиот амбасадор во Вашингтон: Неверојатно е Украина…
Амбасадорот на Русија во Вашингтон денеска изјави…
Пожарот на Галичица опустоши над 6.500 хектари…
Големиот пожар на Галичицаизминативе десетина дена зафати…
Ја допирал малолетната ќерка и СЕ САМОЗАДОВОЛУВАЛ…
Во СВР Скопје, 47-годишна жена од Скопје…
Орхан Куртиши назначен за нов генерален директор…
За нов генерален директор на АД Пошта…