Орхан Куртиши назначен за нов генерален директор на АД Пошта
За нов генерален директор на АД Пошта е назначен Орхан Куртиши на местото на Идри Истрефи. Куртиши доаѓа на оваа позиција како шеф на огранокот на Алтернатива во Куманово.
„Ветувам дека оваа задача ќе ја извршувам со одговорност, чест и посветеност во служба на граѓаните! Им благодарам на структурите на огранокот на Алтернатива во Куманово, но и на сите структури на коалицијата ВЛЕН“, објави Куртиши.
Негов заменик ќе биде Николчо Угринов од Струмица, а за останати членови на Управниот одбор се назначени Даница Јованова, Хатије Етеми, Агим Бафтија, Бојан Кереместевски и Дејан Николовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На „Табановце“ уапсени двајца бугарски државјани
Вчера во 5:30 часот на граничен премин…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…
Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…
(Видео) Експлозии во Техеран! Израел вели ќе…
Според АФП и државните медиуми на Иран,…
Лисици низ Скопје во близина на Водно…
Во последните неколку дена се појавија видеа…