Филипче: Предлогот на Димитриевски е алиби да ја оправда коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ
Во своето обраќање на митингот во Радовиш, носителот на изборната листа на СДСМ во ИЕ 4 Венко Филипче се осврна и на предлогот од ЗНАМ на Максим Димитриевски до раководството на СДСМ.
-Понудата на ЗНАМ кон СДСМ не е реална понуда и таква понуда е очекувано да биде одбиена од кое било раководство, затоа што е направена со цел да биде одбиена. Неговиот предлог личи дека е напишан во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е само алиби за да ја оправда коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во која е ефективно уште од 2021 година – порача Филипче.
Оние кои му мислат добро на СДСМ, додаде тој, секогаш остануваат и се борат одвнатре да ги менуваат работите на подобро.
-Вистинските социјалдемократи не бегаат и не се обидуваат да ја поделат СДСМ – порача Филипче и побара масовна поддршка за бројот еден на изборите на осми мај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…
СДСМ: И во наше време Османи сакаше…
Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…
СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…
„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…
Филипче: МВР да истражи што се случило…
Недозволиво е за една ваква сериозна работа…
СДСМ: Срамно е да има три верзии…
Јавноста е во целосна конфузија по вчерашниот…