Филипче: СДСМ не е веќе истата партија од пред изборите

t

Политиките на Мицкоски и ДПМНЕ го срозија животниот стандард, граѓаните ја чувствуваат тежината од лошите економски политики на Мицкоски. Владините мерки доживеаја дебакл, продолжија ценовните шокови, трошоците за живот растат а платите стагнираат. Власта не покажува интерес за заштита на стандардот на граѓаните, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, вечерва во Штип, каде што заедно со потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, присуствуваа на конференцијата за избор на нов Претседател, членови на Изборен и Надзорен одбор на општинската организација на СДСМ во Штип.

-За овие речиси седум месеци на власт, Мицкоски и ДПМНЕ покажаа тотална неспособност и незаинтересираност да се справи со економските предизциви ниту пак да креира мерки во интерес на граѓаните. Владата не ја заштити куповната моќ на граѓаните, напротив дозволи „грабеж“ пред нејзините очи, деститици милиони евра да се одлеат од џебовите на граѓаните. Недозволиво е богатење на грбот на граѓаните, а токму тоа се случи, големите трговци се збогатија, кошниците на граѓаните останаа празни, рече Филипче.

При тоа Филипче посочи дека власта не само што не покажа интерес за продолжување на добрите економски политики на СДСМ благодарение на кои платите во континуитет растеа седум години по ред, туку ги одби и предлозите на СДСМ за укинување на ДДВ за прехранбените производи и за раст на минималната плата.

-Власта ги одбива нашите предлози само поради инает и ароганција иако тоа беа добри и конкретни политики кои ќе го подобреа животниот стандард на македонските семејства. СДСМ секогаш ќе биде на страната на граѓаните и нема да отстапиме од политиките кои гарантираат подобрување на животот на секој граѓанин, рече Филипче.

Претседателот Филипче доаде дека СДСМ не е веќе истата партија од пред изборите, се интензивираат теренските активности и средбите со членовите на партијата, се слуша гласот на секој член и партијата јакне секојдневно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…

Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…

СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…

Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…

СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…

Проектот за реконструкција на патниот правец во…

СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…

Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…

СДСМ му одговори на Мицкоски: Еве зошто…

Соопштение за јавност СДСМ: Мицкоски праша, еве…