Филипче ја поддржува интерпелацијата за Гаши
Мојот личен став е дека треба да се поддржи интерпелацијата за претседателот на Собранието, Африм Гаши, изјави денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче за утрешната интерпелација во Парламентот, предложена од Левица.
Претседателот на СДСМ смета дека „премногу престапи се направија“ во врска со однесувањето на собранискиот спикер.
-Ние бевме тие кои ја запознавме јавноста со тие работи, но не и само ние. Институции излегоа и го констатираа прекршувањето на одредени правила на однесување. Ова е само мој став кој што ќе го бранам на координацијата со пратеничката група на СДСМ. Допрва треба партијата да излезе со официјален став, рече Филипче утрово во изјава за медиумите.
Денеска е предвидена координација во седиштето на СДСМ со пратеничката група. Ќе се гради ставот, ќе се гласа, но како што вели Филипче, без притисок кон пратениците.
Уште на почетокот на месец август, Левица поднесе интерпелација по седум основи за отповикување на претседателот на Собранието, а по скандалот со неговото лично обезбедување кое интервенираше на скопскиот аеродром по барањето на косовската претседателка Вјоса Османи да не и биде скениран мобилниот телефон.
Интерпелацијата, меѓу другото, се поднесува и за „повреда на секуларноста на државата“, по молитвата во Собранието за Сребреница, како и за „илегална двојазичност“, порачаа од партијата на Димитар Апасиев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Мицкоски е директно одговорен, тој и трговците…
СДСМ се огласи по повод изјавата на…
СДСМ бара Таравари да поднесе оставка
Социлајдемократскиот сојуз бара од министерот за здравство…
СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во…
„Зголемените трошоци за живот се претворија во…
СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?
„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…
Починале 20 бебиња за 6 месеци –…
„Сериозно загрижувачки се статистиките за смртноста на…