Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ

t

Денеска во седиштето на партијата, Венко Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ од поранешниот претседател Димитар Ковачевски. Ковачевски му честиташе на изборот, му посака понатамошен успех во работата и повторно градење победнички СДСМ.

Филипче се заблагодари на честитките, како и за ангажманот на Ковачевски во изминатите години како претседател на партијата и како премиер на Владата.

Новоизбраниот претседател, Венко Филипче посочи дека следи период на многу работа, обединување и реформа на СДСМ.

Процесот нема да биде ниту брз ниту лесен, но освен темелни промени не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите, за да може постепено да ја освојуваме и довербата кај граѓаните. Ќе водам со пример, ќе обединувам и ќе работам како што ветив, како што се обврзав пред членовите. Сечиј глас ќе биде слушнат. Со честа и отворена комуникација со членството ќе создадеме нова енергија на партијата која ќе ја трансформираме во една ефикасна организација. СДСМ ќе се врати посилна и ќе продолжи да биде мотор на општествениот напредок, рече Филипче.

Филипче убедливо победи на директните внатрепартиски избори со освоени над 9.000 гласа од членовите на партијата. СДСМ е единствена партија во земјата со толку висок демократски капацитет којашто претседаелот го бира на директни, непосредни внатрепартиски избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трае Петровденскиот пост- еве што може да…

За православните христијански верници кои се водат…

Ова е планот на Таравари со кој…

Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека…

Бигорски ги кани верниците на манастирската слава…

Бигорскиот манастир ги кани верниците на манастирска…

Научниците се сложуваат: Кајсиите се одлични за…

Ова вкусно овошје е актуелно во овој…

Да си знaете: Инфлацијата удри и по…

Инфлацијата не го заобиколува ниту познатиот фестивал…