Филмски грабеж во Холандија: Срби го украле најреткиот дијамант на светот!

t

Холандските истражители интензивно трагаат по петмина маскирани осомничени, кои извршиле на саемот за уметност и антиквитети „TEFAF“, извршиле вооружен грабеж и украле посебен жолт дијамант, а сите сомнежи паѓаат на криминалната група „Пинк Пантери“ од Балканот, пренесува „RTLnieuws“.

Вооружениот грабеж се случил во раните утрински часови на 29 јуни на добро посетениот саем за уметност во Мастрихт.

Во грабежот нема повредени, но украден е накит, жолт дијамант, единствен од ваков вид во светот. Бараме најмалку петмина бегалци и има блиска соработка со белгиската и германската полиција – соопшти локалната полиција.

Оттаму даваат детален опис на овој грабеж и соопштуваат дека по делото уапсиле две сомнителни лица, но по информативен разговор тие биле пуштени на слобода.

Овој грабеж ја крена цела Холандија на нозе и сите се прашуваат дали крадците на дијаманти се Срби.

Се сомнева дека станува збор за „Пинк Пантери“ од Балканот и дека најверојатно се Срби, бидејќи се повеќе од познати членови на оваа озлогласена банда – пишуваат холандските медиуми.

Инспекторите објавија нови фотографии и видео од грабежот. На фотографиите јасно се гледаат лицата на разбојниците, нивното бегство, како и сликата на можен петти член на бандата.

Непознат маж, инаку, петтоосомничениот, им купил билет на четворицата разбојници за да можат да влезат на саемот. Полицијата се сомнева дека очилата што ги носеле разбојниците се дел од нивното маскирање – наведуваат холандските медиуми.

Исто така, на снимките се слуша како некој гласно извикува „Стоп“ како и „Остани таму“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсените Срби во Косово одат во притвор

На петмината уапсени Срби од Пасјан кои…

Четворица Срби уапсени во Косово: Остра реакција…

Канцеларијата за Косово и Метохија потврди дека…

Србите на Ханиоти, а прилепчани заиграа оро…

“Бисер балкански” ечеше во аква паркот “Салида”…

(Видео) Ново видео од пцовките на Даку…

По обидот за извинување од страна на…

Скопјанец со оружје ограбил банка: Се бара…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…