Финансиската полиција и МВР влегоа во ЈП “Водовод и канализација”!

t

Од Основното јавно обвинителство за “МИА” потврдија дека Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи влегоа во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Од ОЈО велат дека е известен јавен обвинител и дека ќе се постапи согласно Закон доколку органите во чија надлежност е откривањето на криминал утврдат постоење на елементи на кривично дело.

-Во овој момент обвинителството има консултативна и координативна улога и јавниот обвинител редовно се известува за преземените дејствија. Доколку органите во чија надлежност е откривањето на криминал утврдат елементи на кривично дело, обвинителството ќе постапи согласно своите надлежности, велат од ОЈО.

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, минатата недела го разреши сега веќе поранешниот директор на ЈП “Водовод и канализација” поради самоволие и несоодветно постапување во тендерска постапка.

Градоначалничката појасни дека има индиции дека Перински се обидувал да влијае на милионска тендерска постапка и дека со негово разрешување Арсовска практично спречила крадење на народни пари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…

Инспекциските служби на Агенција за храна и…

Од март директна авиолинија од Скопје до…

Од март ќе биде воведена директна авиолинија…

БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…

Во завршна фаза се активностите за санација…

Од вечер повеќе од половина од Скопје…

Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…

Штедете и гответе оброци што не бараат…

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во пресрет…