Финансиска полиција обвинува бизнисмен од Скопје дека не платил данок од над 11 милиони денари
Бизнисмен од Скопје не платил данок и со тоа го оштетил државниот буџет за над 11 милиони денари преку неговата компанија „Алтера Консалтинг“.
Управата за финансиска полиција, до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.Г во својство на сопственик и управител на правниот субјект Друштво за консултантски услуги АЛТЕРА КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје и против правното лице Друштво за консултантски услуги АЛТЕРА КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје поради основано сомнение дека го сториле кривичното дело 60-а од Законот за Данок на додадена вредност.
„Првопријавениот од 3.8.2021 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за второпријавениот правен субјект Друштво за консултантски услуги АЛТЕРА КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје, постапил спротивно на член 43 став 3 од Закон за ДДВ, на начин што, пријавената даночна обврска по основ на ДДВ во износ од 11.004.500 денари која бил должен да ја плати во рок од 15 дена по денот на приемот на решенијата за утврдување на данок, не ја уплатил, односно ја присвоил за себе и пријавеното правно лице, со што пријавениот го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија во износ од 11.004.500 денари“, велат од УФП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…
Невреме со дожд и град го зафати…
Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…