ФИНКИ ќе ги добие двете згради кај кампусот на УКИМ
По завршувањето на стручните проценки, донесена е конечна одлука во врска со двете недоградени згради во близина на кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Објектите ќе бидат наменети исклучиво за потребите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), додека за студентите на Факултетот за физичка култура (ФФК) ќе се доградува постојниот објект што веќе го користат.
Стручниот тим утврдил дека двете згради се конструктивно безбедни, но дека нивниот капацитет и функционалност не ги задоволуваат просторните потреби на ФФК, особено поради недостигот од големи и соодветни спортски сали.
Карбонизација, но безбедни објекти
Професорот Горан Марковски, кој го предводеше тимот на експерти задолжен за проценката на безбедноста, изјави дека кај објектите е утврдено присуство на високи нивоа на карбонизација, како последица на зголемена влага.
„Оваа појава, сепак, не ја нарушува конструктивната безбедност на објектите“, појаснува Марковски.
Тој додава дека од чисто градежен аспект најдобро решение би било уривање на постојните конструкции, но дека од економска гледна точка значително поисплатливо е тие да се адаптираат и доградат.
Современо решение наместо барок
Во петокот завршил и тендерот за репроектирање на објектите, на кој аплицирале седум компании. Идниот изведувач ќе треба да се прилагоди на веќе изградената конструктивна база, како и да го осмисли новиот изглед на фасадите и внатрешниот ентериер.
Претходно најавуваниот барокен стил е целосно напуштен, бидејќи, како што е наведено, веќе не е во тренд. Наместо тоа, ќе се изработи современо и модерно архитектонско решение.
Проект вреден 36 милиони евра
Грубите проценки покажуваат дека целиот проект – кој ги опфаќа двете згради кај Мавровка за ФИНКИ и доградбата на објектот кај ДИФ за ФФК – ќе го чини Министерството за образование и наука околу 36 милиони евра. За таа намена, Министерството подигнало кредит.
Изградбата на објектите за ФИНКИ започна уште во 2015 година, со цел факултетот да добие свој постојан „дом“ во рамките на кампусот на УКИМ. Сепак, по стапувањето во стечај на градежната компанија „Бетон“ од Штип во 2019 година, сите градежни активности беа целосно запрени, а објектите останаа недовршени со години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФИНКИ ќе ги добие двете згради кај…
По завршувањето на стручните проценки, донесена е…
Средба на Сиљановска-Давкова со швајцарскиот претседател Пармелан…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството…
Рокас: Хронично недоволното финансирање го слабее судството
Независноста и ефикасноста на судството не се…
(Видео) Проба да ги прегази граничарите: Македонски…
На граничнот премин „Блато“ на македонско –…
Зеленски: Русија го прекрши енергетското примирје и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…