Финска забрани влез за невakцинираните лица
При влез во Финска, досега секој мораше да покаже потврда за вакцинација и негативен тест кој не е постар од 48 часа.
Од денеска странските патници кои не биле вакцинирани против Ковид 19, дури и со негативен тест, веќе нема да можат да влезат во Финска, соопшти владата, презентирајќи мерки за сузбивање на варијантата омикрон.
Влезот во земјава ќе биде дозволен само за странските патници со негативен тест за Ковид 19 и оние кои ќе докажат дека се целосно вакцинирани или дека го прележале коронавирусот, соопшти тамошното МВР по седницата на Владата.
Портпаролот на граничната служба потврди за „Франс прес“ дека невакцинираните странци ќе бидат одбиени, освен оние помлади од 16 години или оние кои се на листата на исклучоци.
„Без разлика на потеклото на странскиот патник, секој мора да покаже потврда за вакцинација и негативен ПЦР тест кој не е постар од 48 часа“, изјави Томи Кивенџури, претставник на финската гранична стража.
Мерката важи и за граѓаните на Европската унија
Мерката која стапи на сила во 14 часот важи и за граѓаните на Европската унија, а важи за лица родени пред 2006 година.
Исклучок се здравствениот и транспортниот персонал, сериозните семејни причини или луѓето на кои им е потребна хуманитарна помош, како и некои жители на пограничните области на Шведска и Норвешка.
Финска минатата недела објави дека ќе бара негативен тест од сите патници, и граѓани на ЕУ и вакцинирани патници, од 28 декември, со цел да се запре зголемувањето на бројот на ковид-случаи поврзани со варијантата омикрон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Коронавирус на Олимписките игри, 40 спортисти се…
Светската здравствена организација објави дека повеќе од…
Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…
Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…
Бајден позитивен на Ковид
Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…
Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…
Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…
Фински функционер открива: Какво е расположението за…
Идејата за испраќање трупи за поддршка во…