Објавено на:

Финскиот претседател остро кон Путин: Погледни се во огледало, ти го предизвика ова

t

Финскиот претседател Саули Нинисто запрашан на заедничката прес-конференција со британскиот премиер Борис Џонсон за тоа дали неговата земја со евентуалниот влез во НАТО ќе ја испровоцира Русија, изјави дека Путин и Москва се виновни за сето ова и дека рускиот претседател треба „да се погледне во огледало“.

Тој потсети дека ова „не е првпат да разговараме за НАТО“.

„На крајот на минатата година Русите изјавија дека Финска и Шведска не можат да се приклучат на НАТО – тие побараа НАТО да не прима нови членки“, вели тој.

Финскиот претседател рече дека ова ја промени сликата бидејќи Русија изјавува дека Финска и Шведска немаат своја „сопствена волја“, а руската инвазија на 24 февруари исто така ја менува сликата.

„Тие се подготвени да ја нападнат својата соседна земја, па мојот одговор би бил дека „ти го предизвика ова – погледни се во огледало“, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска: Мицко нè турна кон Путин

Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…

„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…

Москва има детален план за напад на…

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…