Финскиот претседател остро кон Путин: Погледни се во огледало, ти го предизвика ова
Финскиот претседател Саули Нинисто запрашан на заедничката прес-конференција со британскиот премиер Борис Џонсон за тоа дали неговата земја со евентуалниот влез во НАТО ќе ја испровоцира Русија, изјави дека Путин и Москва се виновни за сето ова и дека рускиот претседател треба „да се погледне во огледало“.
Тој потсети дека ова „не е првпат да разговараме за НАТО“.
„На крајот на минатата година Русите изјавија дека Финска и Шведска не можат да се приклучат на НАТО – тие побараа НАТО да не прима нови членки“, вели тој.
Финскиот претседател рече дека ова ја промени сликата бидејќи Русија изјавува дека Финска и Шведска немаат своја „сопствена волја“, а руската инвазија на 24 февруари исто така ја менува сликата.
„Тие се подготвени да ја нападнат својата соседна земја, па мојот одговор би бил дека „ти го предизвика ова – погледни се во огледало“, вели тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…
Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…
Путин го разреши заменик шефот на неговата…
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…
Трамп побара од ЕУ да го притисне…
Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…