Фински милионер платил казна од 120.000 евра, возел над 30 километри на час над дозволеното

t

На еден фински мултимилионер му била изречена една од највисоките казни за надминување на брзината досега во земјата – тој мора да плати 121.000 евра бидејќи возел 30 км/ч. над ограничувањето.

Во Финска висината на сообраќајните казни зависи од приходите на казнетите граѓани – оние кои имаат мали приходи, плаќаат помали казни и обратно.

„Навистина жалам поради тоа. Започнав да забавувам, но претпоставувам дека тоа не се случи доволно брзо“, изјавил за локалните медиуми милионерот Андерс Виклоф (76).

Виклоф, претседател и основач на холдинг од компании кој заработува до 350 милиони евра годишно, изјавил дека ограничувањето на брзината „одненадеж“ се променило од 70 на 50 км/ч., откако бил фатен како вози со 82 км/ч.

Според финскиот систем, „дневната парична казна“ се пресметува на основ на дневниот расположлив приход на сторителот, кој општо се смета за половина од неговиот дневен нето приход. Колку повеќе возачот ја надминува границата, толку е поголем бројот на дневни казни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фински функционер открива: Какво е расположението за…

Идејата за испраќање трупи за поддршка во…

Шефот на финската армија: Европа треба да…

Новиот шеф на вооружените сили на Финска,…

Финска ќе добие нови оклопни возила на…

Финските одбранбени сили ќе купат тешки оклопни…

Захарова: Поради вежбите на НАТО во Финска,…

Маневрите на НАТО во близина на границите…

Фон дер Лајен: Русија хибридно ја напаѓа…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…