Флорида денеска ќе го егзекутира „нинџа-убиецот“
Леонард Бернард Гаскин, познат како „Нинџа-убиец“, денеска ќе биде погубен на Флорида, со одлука на републиканскиот гувернер Рон Де Сантис.
Тоа ќе биде стота егзекуција во таа американска држава откако таму беше вратена смртната казна во 1976 година, но и втора егзекуција за само шест недели, а следното погубување се очекува за три недели.
Во неговиот претходен четиригодишен мандат како гувернер, Де Сантис погуби само двајца мажи и двајцата во 2019 година.
„Нинџа-убиецот“ треба да биде погубен со вбризгување смртоносната хемикалија во шест часот попладне по локално време. Во декември 1989 година, тој убил средовечен пар во нивниот дом на Флорида.
Гаскин го добил прекарот „Нинџа-убиец“ затоа што бил облечен како „нинџа“ кога ги застрелал своите жртви. Тој е осуден за убиство со умисла, а од куќата на убиениот украл часовник, две светилки и видео рекордер кои ги наменил како божиќен подарок за својата девојка.
Гаскин, истата вечер, извршил уште една кражба, грабеж и обид за убиство.
Тој брзо ги признал злосторствата, рече дека се чувствува виновен и дека не бил луд, но дека во тоа време „ѓаволот имал посилна моќ над него од Бога“. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…