„Фокус“: Обид за изнуда на пари од семејството на исчезнатата Лидија

t

Имало обид за изнуда на пари од семејството на изчезнатата Лидија, објави Фокус.

Семејството на Лидија Трајковска (43) од Скопје, од вчера наутро живее во агонија, откако младата жена, која е сопруга и мајка, излегла од дома околу пет часот наутро, и и се губи траг.
Случајот е пријавен во полиција, а фотографијата на Лидија се објави во речиси сите медиуми и на социјалните мрежи, со цел ако некој ја забележи, веднаш да го информира семејството или полицијата.

Ќерката на Лидија, Мартина, за ,,Фокус” вели дека ноќта ја минале будни, барајќи ја нивната мајка, односно сопруга, и добиле неколку повици од граѓани, кои им јавиле дека наводно ја забележале, но всушност се работело за други жени, односно луѓето се препознале.
Но, исто така од семејството вознемирено раскажуваат и дека добиле порака со обид за изнуда на пари, во замена за информација за тоа каде се наоѓа Лидија.

-Преку whatsapp добивме порака, ни бараа првин да уплатиме 500 евра на трансакциска сметка, а потоа откако наводно ќе ни кажеле што знаат за мајка ми, да сме уплателе уште 500 евра. Веднаш пријавивме во полиција.
Според последните информации, лицето кое се обиде да изнуди пари е идентификувано и не е некој кого ние го познаваме.
Ужасно е да се користи ова кое нас не снајде, како начин да се дојде до пари! Никаква емпатија, никаква човечност!
Од вчера, слушнавме секакви приказни, шпекулации и нелогични претпоставки за нашето семејство.
Дали побегнала со некого, дали татко ми имал друга жена во неговиот живот, луѓе кои воопшто не не познаваат си земаат за право да судат и да изнесуваат секакви тези за нас. Дали се скарале со татко ми пред да излезе, разни шпекулации, на кои ќе одговорам дека дома беше и мојата сестра, ако имало било каква кавга, сигурно дека таа ќе слушнела.
Мајка ми и татко ми се разбрани и зрели луѓе, имаат прекрасен брак и сите ние живееме во љубов и разбирање.

Пред шест години имавме голема траума, кога таа дозна дека има рак. Лекувањето помина во ред, продолживме со животот. Не знаеме дали евентуално таа повторно имала некакви здравствени проблеми за кои не сакала да зборува со нас, за да не не вознемири, дали можеби тоа била причината поради која заминала некаде, не знаеме, само претпоставуваме, бараме одговори.

Поминаа повеќе од 24 часа, со секоја измината минута уште повеќе се загрижуваме и губиме надеж дека се ќе биде во ред, дека таа ќе се врати…
Апелираме до јавноста да не поштеди од разни нагаѓања, ова ни е тежок период. Кој има информација, нека ни помогне, се друго само повеќе ни отежнува, вели ќерката.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Фокус“: Обид за изнуда на пари од…

Имало обид за изнуда на пари од…

Кенијка омажена во Велес си заминала во…

Велешанецот К.Ш. (72), во тек на вчерашниот…

ПРОДОЛЖУВА ПОТРАГАТА ПО ВАЊА Полицијата ја барала…

Мајката Зорица Ѓоревска за дел од медиумите…