ПРОДОЛЖУВА ПОТРАГАТА ПО ВАЊА Полицијата ја барала во текот на ноќта, проверени се сите камери

t

Мајката Зорица Ѓоревска за дел од медиумите изјави дека целата ноќ ја поминале во полициската станица Беко и вели дека полицијата давала сè од себе да ја пронајде нејзината ќерка.

Нема ниту трага, ниту глас од 14-годишната Вања Ѓоревска која вчера беше пријавена за исчезната. По неа полицијата трагаше и во текот на ноќта.

Девојчето го нема повеќе од 24 часа. Како што објави нејзината мајка таа вчера наутро во 7.20 часот излегла од дома за на училиште и од тогаш ја нема. Последен пат е видена во Дебар Маало на пат кон училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“.

– Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на В.Ѓ. (14) откако вчера (27.11.2023) во 08.35 часот З.Ѓ. од Скопје пријави дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната. За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Апелираме да не се шират дезинформации, а МВР постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката – ни повторија од МВР.

Од МВР за Плусинфо велат дека потрагата по 14-годишната Вања продолжува и денеска.

Вања била облечена во црни панталони со странични џебови, светлосин џемпер, црна кратка зимска јакна и бели „Најк“ патики со кафена лента на ѓонот.

Полицијата апелира да не се шират дезинформации. За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво.

Мајката Зорица Ѓоревска за дел од медиумите изјави дека целата ноќ ја поминале во полициската станица Беко и вели дека полицијата давала сè од себе да ја пронајде нејзината ќерка.

– Цела ноќ бевме во полициска станица Беко и сите полициски единици се максимално ангажирани и затоа ми е криво што ја критикуваат полицијата. Верувајте дека се прават но ќерка ми ја нема. Дознав дека ја нема кога класната ми кажа дека не пристигнала во училиште утрото, бидејќи тоа не е вообичаено да не дојде зашто, кога некое дете е болно пишуваме во групата. Вообичаено на училиште одат со сестричката, но таа го губеше првиот час и остана дома а Вања замина на училиште сама. Сите опции се разгледуваат од страна на полицијата, нема насока во која не се размислува и во која не се истражува. Се претресуваше собата, сите пораки се прегледаа, компјутерот им го дадов, ништо не најдовме – вели мајката.

Објавата на мајката Зорица на социјалната мрежа Фејсбук се споделена повеќе од 12.000 пати, а граѓаните, како и медиумите се вклучија оваа вест да се рашири што е можно повеќе со цел побрзо пронаоѓање на Вања.

На социјалните мрежи се споделува апел во кој се бара од сите што имаат поставени камери за видеонадзор на потегот Фонтана-парк, Дебар маало, Силбо и Буњаковец да ги проверат во периодот од 7.20 до 7.45 часот на 27 ноември, бидејќи може да се забележи Вања и да се помогне во нејзиното пронаоѓање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џафери со честитки за новите припадници на…

Техничкиот премиер Талат Џафери честитајќи им на…

Бојмацалиев: МВР работи исклучиво по закон за…

Денеска (24.04.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни…

И денеска можат да се подигнат готови…

Лични документи можат да се подигнат и…

МВР, ЈО и АНБ се комплетно подготвени…

Во врска со претстојните избори денеска во…