Фондацијата „Заев-едно општество за сите” донираше дијагностички апарат на струмичката болница
Фондацијата „Заев-едно општество за сите”, која ја раководи поранешниот премиер Зоран Заев, донираше апарат за дијагностика од областа на урологијата за ЈЗУ „Општа болница”- Струмица.
Како што објавија од Фондацијата, еден од најважните фундаменти од постоењето и дејствувањето е унапредувањето на јавното задравје.
-Станува збор за исклучително важен дијагностички апарат кој ќе значи многу за струмичките уролози од оваа институција, а пред се за граѓаните кои се соочуваат со уролошки проблеми и заболувања, информираа од Фондацијата „Заев-едно општество за сите”.
Додаваат дека здравјето на граѓаните е пред се и затоа унапредувањето на јавното здравје и понатаму ќе биде еден од приоритетите на Фондацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…
Хрватска планира да ги зголеми средствата за…
Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор…
На денешната седница, Владата го одобри назначувањето…
Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа
Бидејќи и вака се пласира од страна…
Трамп: Израел нема капацитет да го уништи…
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „секогаш…
Мелони објави дека достигнала 4 милиони следбеници…
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, денес објави…